
Современи методи во физикална медицина
и најсовремена
роботска рехабилитација
Во клиниката Физио С Плус ги спојуваме стручната медицинска проценка, класичните физикални методи, логопедските третмани, работната терапија и најсовремените роботски технологии. Преку индивидуално прилагодени програми го подобруваме функционирањето на мускулно-скелетниот систем, ја зголемуваме подвижноста и ги третираме невролошките состојби, вербалната комуникација и когнитивно-комуникациските функции кај деца и возрасни, со цел постигнување автономија и максимална независност на пациентите.
Рехабилитација предводена со јасни цели од стручен медицински тим
Пристапот во современата рехабилитација не е само серија процедури — тој е стручна проценка и индивидуално приспособување на програми со јасно дефинирани цели, континуирано следење и примена на најсовремена технологија. Во ФИЗИО С ПЛУС, терапијата се приспособува според дијагнозата, возраста, функционалниот дефицит, моменталната подвижност и личните цели на пациентот.


Рехабилитација водена од стручна проценка
Стручна медицинска проценка
Секоја програма започнува со специјалистичка физијатриска и функционална проценка која ја дефинира дијагнозата, целите и планот за третман.
Современа рехабилитациска технологија
Роботски тренинг на одењето, фокусирана Shockwave терапија, еходијагностика и неинвазивна невромодулација, интегрирани во индивидуални програми.
Индивидуално приспособени програми
Секоја програма се приспособува според дијагнозата, возраста, функционалниот дефицит, моменталната подвижност и личните цели на пациентот.
Мултидисциплинарен тим
Зависно од потребите, во програмата може да бидат вклучени физијатар, физиотерапевт, логопед и други стручни лица.
Овозможено со водечка светска медицинска технологија


Технологија во служба на рехабилитацијата
Центарот работи со дијагностичка и терапевтска опрема од признаени европски и светски производители, избрана според клиничките потреби на нашите програми.

Tyromotion
Роботски асистирана терапија за горни и долни екстремитети

BrainsWay
Deep TMS — неинвазивна стимулација на мозокот при невролошки состојби
Lexo — роботски систем за тренинг на одењето
Lexo овозможува контролирано и повторливо вежбање на правилната шема на одење кај пациенти со нарушена подвижност. Интензитетот и степенот на поддршка се приспособуваат според функционалните можности на секој пациент.
- Контролирано, повторливо вежбање на шемата на одење
- Индивидуално приспособена поддршка и интензитет
- Се применува во склоп на невролошките програми
SpineLiner — прецизна проценка на 'рбетниот столб
SpineLiner овозможува проценка на одделни сегменти на 'рбетниот столб и контролирана механичка стимулација со приспособена сила. Методот се применува исклучиво по претходна лекарска проценка и може да се разгледа кај пациенти со болка, паравертебрална мускулна напнатост, дискус херниа, функционални или постурални нарушувања.
- Сегментна проценка на 'рбетот
- Контролирана, индивидуално приспособена стимулација
- Се применува исклучиво по претходна лекарска проценка
Еходијагностика и Shockwave терапија
Дијагностичкиот и терапевтскиот пристап е дополнет со еходијагностика за проценка на мускулите и меките ткива, како и со Shockwave терапија кај соодветно избрани хронични болни состојби, промени на тетивите, калцификати и остеофити. Соодветноста на третманот се утврдува по медицинска проценка.
Стручно воден и индивидуален пристап
Успешната рехабилитација не зависи само од технологијата. Таа се темели на правилна проценка, стручно избрана терапија, активно учество на пациентот и континуирано следење на напредокот. Во програмата, зависно од потребите, може да бидат вклучени физијатар, физиотерапевт, логопед и други стручни лица.
Функција, посигурно движење и поголема самостојност во секојдневниот живот.
Нашите програми имаат за цел да им овозможат на пациентите да се движат посигурно, да ја подобрат подвижноста и рамнотежата, поефикасно да ги користат рацете и да се вратат кон семејните, професионалните и социјалните активности.
